Германско финале на завршниот турнир на ЛШ во Келн

Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.
Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда
Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.
Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34-24.
Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31-30. Магдебург ја доби фаворизираната Барселона со гол во последната секунда од мечот.
Финалето ќе се игра утре со почеток во 18:00 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место.