Германците предлагаат ракометни правила во фудбалот

Се повеќе луѓе предлагаат некои модификации и промени за да се
револуционизира фудбалската игра. Некои се целосно апсурдни,
додека некои имаат смисла. Германскиот бундеслигашки судија
Патрик Итрих ги сподели своите размислувања како да се подобри
фудбалската игра со неколку модификации кои можат да им ја олеснат
работата и на судиите.
Според Итрих, првата промена треба да се однесува на тактички
фаули на средината на теренот. Според судијата, во овие ситуации
слободниот удар треба да биде на 17 метри од голот, што би значело
многу помалку вакви прекршоци во фазата на градење на нападите.
Според него, во случај на три паѓања на теренот, играчот би требало
да го напушти теренот три минути за да добие лекарска помош, за да
не се дозволи „крадење“ време. Навредите кон судијата би биле
најстрого казнети. Во тој случај играчот кој навредува би бил
исклучен од игра на десет минути за да се смират страстите.
За да се запрат инцидентите на теренот за време на натпреварот,
доколку целиот тим истрча кон судијата, судијата ќе има право да
исфрли тројца играчи и да им додели црвени картони.