Гибс Вајт в лето се сели од Форест во Сити

Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, тврди Фабрицио Романо. „Граѓаните“ се надеваат дека ќе постигнат напредок во преговорите за Англичанецот во наредните недели.
Се верува дека личните услови на 25-годишникот нема да бидат проблем. Можеби ќе има проблем во преговорите со Нотингем, затоа што клубот не сака да се раздели со еден од своите најдобри играчи.
Морган Гибс-Вајт има одлична сезона и е една од главните причини зошто Форест има шанси да се квалификува за Лигата на шампионите.