Гибс-Вајт го пофали Дајч и „удри“ по двата отпуштени менаџери на Форест

Ѕвездата на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, индиректно ги нападна последните двајца менаџери на тимот, Нуно Еспирито Санто и неодамна отпуштениот, Анѓе Постекоглу.

Тој беше во немилост кај нив и беше на излезната врата но, сепак остана во тимот. Сега со новиот тренер, Дајч, ја добива вистинската шанса.

„Се чувствувам како конечно да можам да дишам. Беа тешки неколку месеци со сите промени и лоши резултати“, рече Морган Гибс-Вајт по вчерашниот тримуфот против Порто во Лига Европа .