Глејзери имаат рецепт за навивачите!
„Омразените“ сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, се обидуваат на секој начин да ги смират страстите, а според последните информации тоа би можеле да го направат со доведување на вонсериско засилување.
Според пишувањата на англиските медиуми, Глејзери ќе се обидат ова лето да го доведат напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој веројатно го напушта Лондон на крајот од сезоната.
Информациите велат дека Јунајтед нема да штеди, па за доведување на најдобриот англиски напаѓач ќе понудат 90 милиони фунти.
Тотенхем е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, по заминувањето на Мурињо од клубот од северен Лондон владее вистинска неизвесност кој ќе го наследи, а сето тоа оди во прилог за Кејн да ја промени средината.
Но, дали тоа ќе биде доволно за да се смират навивачите на „црвените ѓаволи“?