Глигоров ќе го води Металург по отказот на Димитриоски
Металург експресно ја реши дилемата околу тренерската позиција, откако за нов кормилар го назначи Владимир Глигоров.
Глигоров на позицијата тренер во Металург доаѓа на местото од Оливер Димитриоски, кој отказ доби после поразот од Пролет, на стартот од мечевите во плејофот.
Поранешниот селектор на женската македонска репрезентација во Автокоманда ќе има сериозен предизвик, бидејќи клубот посакува пласман во горниот дел од табелата, а почетокот не е идеален.
Во плејофот од Супер лигата има пауза, што сигурно добро ќе им дојде на „металурзите“ да се сихронизираат со новиот тренер. Металург во втората рунда гостува во Струга кај истоимената екипа.