Голема гостинска победа на Тиквеш во Ѓорче Петров

Екипата на Тиквеш со победа и три бодови се враќа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров откако во последниот дуел од 19.коло славеше гостинска победа со 1-0. Стрелец на победничкиот гол во 77.минута беше Луисињо.
Гостите од Кавадарци постигнаа гол преку Сила и во 55.минута, но прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.Тиквеш со новите три бодови со вкупно 24 се проби на седмото место на табелата, додека Македонија ЃП остана со 19 на десетото место.