Голема победа на македонската селекција во Астана

Иако не одигравме супер-квалитетен натпревар, сепак најважно од се победивме. Македонија се враќа со трите бода од гостувањето кај Казахстан, откако попладневво на Астана Арената, момците на Благоја Милевски го победија домашниот тим со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски во 33. минута, откако искористи една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и успеа да ја смести во подалечниот агол од голот на Казахстан.
Домашните подобро го чувствуваа домашниот терен на вештачка трева, подобро се снајдоа во сите 90 минути, имаа неколку чисти и зрели шанси за израмнување, но на крајот не посака и среќата. Мрежата на Димитриевски остана празна, а Македонија се враќа со нови три бода.
По четири одиграни средби, Македонија веќе има 8 бода на своето конто и се уште е без пораз во овие квалификации. Следниот предизвик е Лихтенштајн на 7 септември на домашен терен, а потоа во октомври не очекуваат гостувањето кај Белгија и домашниот дуел со Казахстан. Квалификациите ќе ги затвориме во ноември со гостувањето кај Велс.