Големиот Еторе Месина си замина од Милано

Еторе Месина повеќе не е тренер на Олимпија Милано откако искусниот италијански стратег поднесе оставка по разочарувачкиот старт на сезоната, јавуваат италијанските медиуми

Милано влезе во серија од три порази во изминатата недела во Евролигата и во домашниот шампионат. Токму лошата форма го наведe 66-годишниот Месина да се повлече од клупата.

Сепак, тоа не значи негово целосно заминување од клубот бидејќи ќе остане во структурата на Олимпија како личен советник на претседателот.

Тимот привремено ќе го води Џузепе Пепе Поета, кој летово потпиша тригодишен договор со Милано по пристигнувањето од Бреша.