Голем пех за Њу Орлеанс: Мареј ја скрши раката на дебито

Дежон Мареј кој дебитираше за екипата на Њу Орлеанс на натпреварот со Чикаго во НБА лигата, заработи скршеница на раката.
Кошаркарот кон крајот на мечот лошо падна на теренот и потешко се повреди. Според објавеното, операцијата на левата рака била успешна а кошаркарот ќе се врати на терените за 4-6 недели.
Во таборот на Њу Орлеанс и понатаму надвор од стројот остануваат Треј Марфи и Зион Вилијамсон.