Голем подвиг на одбојкарите, ја совладаа Грузија и пак ќе играат на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026.

Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство.

„Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3-0, по сетови 25-13, 25-16 и 25-17.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани селекции во квалификациите одат на ЕП 2026.