Голем скандал на турските судии со обложување на натпреварите

Претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Ибрахим Хаџиосманоглу, откри дека стотици турски судии, вклучително и оние на национално ниво, биле вклучени во обложување и покрај забраната.
Внатрешна истрага опфати 571 судија, а резултатите покажуваат дека 371 имаат сметки за обложување, додека 152 активно се обложуваат.
Некои судии поставиле повеќе од 10.000 облози, а 42 судии се обложувале на повеќе од 1.000 фудбалски натпревари.
Меѓу осомничените, 22 судии суделе натпревари на национално ниво, вклучувајќи седум централни и 15 помошни судии, но не е познато дали се обложувале на натпревари што самите ги суделе.
Хаџиосманоглу најави итни санкции, без исклучоци, за чистење на турскиот фудбал од корупција, објави Аваз.
Поради честите обвинувања за пристрасност, ТФФ воведе ВАР технологија и ангажираше странски судии за клучни натпревари, како што е истанбулското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче, за да се обезбеди фер судење и да се намалат сомневањата за пристрасност од страна на домашните судии.