Голем удар за Њукасл и Италија, се повреди Сандро Тонали

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, беше принуден да го напушти теренот поради повреда на вчерашниот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите.

Медиумите денеска наведуваат дека станува збор за повреда на мускулот на левата нога и дека играчот на англичаните ќе паузира подолг период.

Сигурно е дека италијанскиот репрезентативец нема да игра на наредниот меч во Премиер-лигата а веројатно ќе ги пропушти и плејоф натпреварите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.