Голман му одбрани пенал на Левандовски после ОСУМ години!
Роберт Левандовски за прв пат по нешто повеќе од две години промаши пенал. Во натпреварот од 20 коло од Бунделслигата, Баерн на гостувањето против Херта славеше со 1:0, а натпреварот ќе се памети по тоа што голманот Руне Јарштајн му одбрани пенал на Левандовски. Јарштајн најпрво направи пенал над Сане, а потоа се „извади“ со одбраната. Ова беше прв пат под 27. јануари 2019. година некој да му одбрани пенал на полскиот фудбалер. Тој ден промаши пенал во победата на Баерн над Штутгарт, а потоа постигна 17 гола од 17 пенали. Последен голман кој одбранил пенал на Левандовски беше неговиот сегашен соиграч Мануел Нојер, на натпревар во 2013. година, кога Левандовски се уште настапуваше за Борусија Дортмунд. Според податоците на Трансфермаркт, Левандовски за Баерн и Полска од мај 2013. година, постигнал 52 гола од пенал, при што промашил само четири, вклучувајќи го и синоќешниот. Преостанатите три пенали не беа одбранети од голманите.