Гонзало Гарсија пак е јунак, Реал минимално слави против Јуве

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1-0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54. минута.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.