Гонзало Гарсија седна на клупата на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.
Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.
Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.