Горазд Михајлов нов тренер на литвански Ритериаи

Еден од нашите најдобри фудбалски тренери Горазд Михаилов утре заминува за Литванија каде ќе биде нов тренер на тамошниот прволигаш Ритериаи, кој во изминатата сезона во конкуренција на десет клуба се пласира на деветтото место, но успеа преку бараж да остане во Лигата. Во Литванија десетте прволигаши играаат секој со секого во четири циклуси. Шампион на Литванија за 2025 година беше Жалгирис. Првенството се игра од март до ноември.
Горазд Михаилов има зад себе богата и успешна кариера. Во странство досега работеше во Исланд, во клубот Хотур, во Босна и Херцеговина во Рудар од Приедор, беше во стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во Саудиска Арабија во Ал Кадиција и во Обединетите Арапски Емирати во клубовите Хата и Ал Дафра.