Горан Закариќ потпиша нов договор со Вардар

Еден од најважните фудбалери во редовите на Вардар Горан Закариќ стави потпис на нов договор и ќе остане во клубот и наредната сезона.
Договорот на Закариќ истекуваше ова лето, но клубот успеа да пронајде заеднички јазик и да го задржи во своите редови.
Останувањето на Закариќ е од голема важност за Вардар кој во наредната сезона ќе го брани трофејот во Купот на Македонија и ќе се обиде да стигне до титулата во првенството. Во изминатата сезона Закариќ вкупно одигра 36 напревари во кои потигна 12 гола и подели две асистенции.