Гордон добива нов договор во Њукасл
Њукасл добро ја започна новата сезона во Премиер лигата. 7 бода од 3 натпревари дефинитивно е добар почеток за Њукасл, кој и покрај недостатокот од сериозни трансфери летово, повторно се снаоѓаат на не така лош начин и релативно мирно ја дочекуваат репрезентативната пауза.
Според англиските медиуми, во Њукасл се решени да задржат една од своите големи ѕвезди. Станува збор за Ентони Гордон, кој е исклучително важен дел од тимот на Еди Хау, а од Њукасл се подготвени да му понудат на поранешниот играч на Евертон нов договор со значително подобри финансиски параметри.
Наскоро се очекува да започнат разговорите меѓу двете страни, а навивачите се надеваат дека Ентони Гордон уште долго ќе остане во клубот од „Ст.Џејмс Парк“.