Гордон доби рекордна сума за нов договор во Денвер
Денвер Нагетс го чува јадрото на тимот што на организацијата Колорадо и ја донесе единствената титула. По Никола Јокиќ, Мајкл Портер Јуниор и Џамал Мареј, нов договор доби и Арон Гордон.
Американските медиуми објавија дека Арон Гордон го продолжил договорот со Денвер на четири години, во кои ќе заработи 133 милиони долари.
Добрата вест за Нагетс е што договорот е структуриран така што тој ќе заработува помалку во првите две сезони (22,8 милиони долари) отколку во последните две сезони (37,1 милиони долари).
На тој начин, Денвер ќе заштеди околу 10 милиони и, можеби уште поважно, ќе овозможи финансиска флексибилност која е многу важна во светло на новиот колективен договор потпишан претходната година. Минатата сезона Гордон имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скока и 3,5 асистенции во дресот на Нагетс.
Почнувајќи од следната сезона, Арон Гордон ќе го носи бројот 32 во Нагетс, наместо 50, кој го носеше низ целата кариера.