Горецка: Едвај чекам да дојдат двата меча на Баерн и Сити

Манчестер Сити и Баерн Минхен на 11 и 19 април ќе ги одиграат двата меча во фазата на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.

Првата средба ќе биде на „Етихад“ додека реваншот ќе се реализира на теренот на Баварците. Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, вели дека Манчестер Сити е најтешкиот противник со кој можеле да се соочат.

„Тоа е како финале пред финале. Сигурно ќе бидеме подготвени. Халанд? Интересно е како секогаш успева да се постави на вистинското место. Неговата способност за голови е запрепастувачка“, изјави Горецка.