Горецка после операцијата на коленото ќе биде надвор од терените неколку недели
Германскиот клуб Баерн Минхен соопшти дека фудбалерот Леон Горецка ќе отсуствува од теренот неколку недели после успешната операција на левото колено.
Според Скај Спортс, играчот за врска ќе паузира помеѓу шест и осум недели. Тој и минатата сезона имаше поголема пауза поради повреда на коленото, но сега со операцијата се очекува Горецка да има успешна сезона.
Тимот од Минхен во моментот се наоѓа во САД каде ќе одигра неколку подготвителни натпревари пред стартот на Бундеслигата.