Гостивар го изненади Пелистер, прво пораз на битолчани сезонава

Гостивар слави огромна победа пред своите верни навивачи во салата „Младост“. Совладан е битолски Пеистер, и тоа убедливо со 77-66.

Митевски заврчи со 21 поен (и осум скока), Родес имаше 19 (плус осум скока и пет додавања), а најискусните во тимот, Соколов и Зивчевиќ имаа свој придонес. Соколов додаде 17 поени (плус пет скока и две асистенции), додека Зивчевиќ застана на бројката од 11.реализации.

Во гостинската екипа, најдобар Едвардс, стрелец на 26 поени, дополнети со 13 скока, додека двоен број на поени имаше само уште Мишковиќ, постигна 16, но и тој беше со двоен ефект затоа што придодаде и 11 скока.