Гостивар го победи Вардар во гости, очекувани победи и за Шкендија и Силекс

Комплетирано е 16. коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое е јасно дека пет клуба ќе се борат за шампионската титула, а остатокот од лигата ќе води ботка за опстанок.

Тимовите од врвот запишаа рутински победи на своите конкуренти. Шкендија, Работнички и Гостивар славеа со идентични 2-0 против Шкупи, Тиквеш односно Вардар. Силекс убедливо со 4-1 го победи тимот на Воска спорт, а Струга минимално со 1-0 го победи Пелистер.