Гостински победи на Силекс и Шкендија во квалификациите на КЛ

Шкендија со убедливи 5-0 ја победи екипата на Европа на нејзин терен, Силекс со 1-0 славеше над Динамо Минск во Бугарија.

Македонските претставници во квалификациите од Конференциската лига остварија одлични резултати во првите натпревари.

Шкендија беше фаворит против тимот од Гибралтар и на теренот покажа дека е многу посилен противник од Европа.

Резултатот беше отворен во 28. минута кога Нзенге, Шкендија поведе со 1-0. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Во вториот дел следуваа два гола на Тамба за 3-0. До крајот на мечот погодоци постигнаа и новото засилување Криезиу и капитенот Ибраими за 5-0.

Реваншот во Скопје ќе биде само формалност.

Со победа се враќа и Силекс. Кратовскиот тим беше аутсајдер во мечот со Динамо Минкс, но одигра одличен меч и дојде до триумф.

Динамо Минск не може да игра во Белорусија, па домаќин беше во Бугарија.

Единствениот гол на мечот го постигна Хашукиќ од пенал пред крајот на првото полувреме.