Го платија 13,5 милиони евра, па го избркаа поради банална причина!

Севиља е решена да се ослободи од Јорис Њањон кој од Рен дојде во клубот во 2018. година, а причината за тоа е што тој има прекумерна тежина и не е на нивото да биде играч од Ла Лига.
Њањон има 24 години, не се наметна во тимот, а според медиумите од Шпанија тој е пред отказ, не е физички подготвен, има вишок на килограми, и дефинитивно ќе замине од Севиља.
Французинот не е на списокот за настап во првенството на Шпанија, па сите очекуваат дека негов трансфер надвор од шпанскиот клуб ќе се реализира наскоро.