Го разочара Куман, па се сели во Премиерлигата!
Талентираниот фудбалер Илаиш Мориба е на пат да го засили Тотенхем, кој му подготви четиригодишен договор, пренесува каталонски „Спорт“.
Според истиот извор, овој фудбалер треба да го комплетира трансферот во Лондон од Барселона, вреден 15 милиони евра.
До последен час Тотенхем беше во трка со РБ Лајпциг за талентираниот играч од средината на теренот, кој не е во плановите на Роналд Куман сезонава.
Мориба е дете на Барселона, минатата сезона дебитираше за првиот тим собирајќи 18 настапи во сите натпреварувања.
Пред само осум дена на тема Мориба говореше Куман, кој не го криеше разочарувањето што овој фудбалер не ја прифати понудата на клубот, незадоволен од финансиските услови.