Градско реми без голови во Манчестер

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа 0-0 во 31. коло од Премиер лигата. По осум години натпревар на градските ривали заврши без голови.

Сити сега заостанува еден бод зад Челзи, кој е четврти, додека Јунајтед успеа да го престигне Тотенхем на 13. место со 38 бодови.

Јунајтед и Сити практично ништо не им понудија на гледачите во првото полувреме.

Двата тима вкупно во првото полувреме упатија осум удари кон голот. Само два пати имало помалку обиди во градските пресметки откако се води ваква статистика (сезона 2003/04), тоа се случи на натпреварите на 6 јануари 2023 година и на 4 октомври 2015 година.

„Нема квалитет, нема атмосфера, ова е дерби, а нема енергија на трибините… Ова е пријателски дерби“, рече поранешниот капитенна Јунајтед, Рој Кин, кој сега работи како стручен коментатор.

Можеби најголемото возбудување на теренот се случи во 48. минута кога Фил Фоден по еден дуел падна во шеснаесетникот, но судијата Џон Брукс само одмавна со раката на приговорите на гостите.

Слична ситуација видовме само на другата страна, во 81. минута кога Касемиро падна во шеснаесетникот по дуелот со Ковачиќ. Брукс не се огласи и во оваа ситуација. Ова градско дерби беше последно за Кевин Де Брујне. Капитенот на Манчестер Сити ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Интересно, Рубен Аморим сезонава има два победи и едно реми против Пеп Гвардиола. Победи како тренер на Спортинг во Лигата на шампионите и во првото дерби како менаџер на Јунајтед.