Грижи за Артета, Габриел Жесус се повреди пред почетокот на сезоната
Арсенал се соочува со неповолни фитнес вести пред почеток на новата сезона.
Микел Артета соопшти во медиумите дека новата сезона ќе ја стартуваат без Габриел Жесус, кој минатата сезона пропушти добар дел во завршницата, а новата сезона ќе ја почнат исто така без него.
„Габриел имаше одреден зафат над коленото и нема да биде во тимот неколку недели. Тоа е голем удар за нас, бидејки го вративме во најдобра форма и се подготвувавме за живот со него“, порача Артета.
Според првичните информации, 26 годишниот Бразилец би можел да се врати на теренот пред репрезентативната пауза, што значи дека сигурно ги пропушта првите четири кола во Премиерлигата.