Грижи за „езерџиите“, се повреди Леброн Џејмс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа нова победа изминатата вечер и тоа над Хјустон со убедливи 140-109.

Сепак, победата во која одличен беше Лука Дончиќ со 39 постигнати поени и со која стигнаа до третото место на табелата пред плеј-офот остана во сенка на повредата на Леброн Џејмс.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на паркетот помина само 22 минути и мораше да биде заменет поради повреда во третата четвртина.

Во овој момент нема детални информации за каква повреда се работи, но фановите се загрижени што истата дојде без контакт. Охрабрувачки може да биде тоа што Леброн по повредата не замина во соблекувалната, туку остана на клупата за резерви.