Гризман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид

Антоан Гризман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и сега ќе остане во клубот до јуни 2027 година. Францускиот напаѓач, кој е дел од Атлетико уште од 2014-та, стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 197 голови, надминувајќи го досегашниот рекорд на Лус Аргонес од 173. Воедно, тој има и 442 официјални настапи, што го прави осмиот играч со најмногу мечеви во историјата на клубот. 

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Гризман имал понуди од американската лига, вклучувајќи интерес од „LAFC“, каде што би се сретнал со поранешните соиграчи Хуго Лорис и Оливие Жиру. Сепак, тој, заедно со своите агенти и семејство, одлучил да остане во Атлетико. потврди Романо 

Договорот е направен така што му помага на клубот да управува со лимитот на плати, бидејќи Гризман ќе ја прими преостанатата сума од претходниот договор распоредена преку следните две сезони. Ова им овозможува на Атлетико поголема флексибилност за нови засилувања. 

Одлуката на Гризман да остане покажува колку е посветен на клубот и колку верува во иднината на Атлетико. Со своето искуство и лидерство, тој ќе остане важен играч во тимот на Диего Симеоне додека клубот се бори за нови успеси во Ла Лига и во Европа.