Гризман заминува од Мадрид ова лето

Француската ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман можеби е при крај на кариерата во тимот на „јорганџиите“. Според „Кадена Сер“, постои голема веројатност напаѓачот да го напушти тимот и да замине во МЛС лигата следното лето.

Гризман, кој вчера наполни 34 години, има договор со Атлетико до 2026 година. Сепак, од клубот веруваат дека тој ќе сака рано да замине за да ја исполни желбата да игра во САД. Кандидат за неговиот потпис е ФК Лос Анџелес.

Ова е и причината поради која се повеќе се зборува дека на „Метрополитано“ размислува за понуда за Дарвин Нуњес. Идејата е Уругваецот да формира тандем со Хулијан Алварез.

Гризман е стрелец број 1 во историјата на Атлетико. Професионалната кариера ја започна во Реал Сосиедад, потоа се пресели во Атлетико, а накратко играше за Барселона пред да се врати во Мадрид. Французинот до денес има 520 натпревари и 198 голови во Примера.