Гризман со солзи во очите се збогува со фановите на „Метрополитано“

Антоан Гризман го одигра последниот натопревар во дресот на Алтико Мадрид на „Метропилитано“ стадионот во Мадрид. Во претпоследното коло, Гризман со капитенската лента, го предводеше Атлетико до победата над Џирона (1-0).
Во својот последен натпревар, Гризман доби шпалир од сите играчи и громогласен аплауз и овации од навивачите. Повеќето од нив не можеа да ги задржат солзите, исто како и Гризман.
Натпреварот имапе посебна симболика, Гризман го одигра 500-от натпревар во дресот на Атлетико и ја забележаа 100-та асистенција.
По неговата акција, Адемола Лукман го постигна единствениот гол во 21-та минута.
Прашање е дали Гризман ќе биде во тимот, во последната рунда, кога Атлетико ќе гостува кај Виљареал.
На крајот од сезоната, 35-годишниот Гризман го напушта Атлетико Мадрид, се сели во Орландо.