Гризман ќе го замени Мадрид со Лос Анџелес

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.