Грилиш го пропушта дербито против Њукасл
Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш не се опорави од повредата и нема да може да игра на гости кај Њукасл, меч кој е на програмата утре.
Ова го изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит. Сепак, Смит не губи надеж дека неговиот најкреативен играч ќе биде во комбинација за домашниот натпревар со Тотенхем во следното коло.
„Џек Грилиш е многу подобар, но нема да го видите против Њукасл. Тој се опоравува добро и ние сме задоволни од тој факт. Се надевам дека ќе може да игра против Тотенхем следниот викенд”, рече Смит.
Менаџерот додаде дека дефанзивецот Мати Кеш и крилото Анвар Ел Гази, кои се исто така имаа повреди, сега се добро и ќе можат да играат против Њукасл.