Гринвуд го пропушта Европското првенство

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, ја напушти селекцијата на Англија која се подготвува за настап на Европското првенство.

Прес-службата на „Гордиот албион“ објави на социјалната мрежа -„Твитер“ дека 19-годишниот фудбалер се соочува со стара повреда и затоа ќе мора да го пропушти континенталниот собир. Гринвуд беше вклучен во поширокиот состав на репрезентацијата на Англија за Европското првенство.

Конечниот список ќе биде објавен денеска. Англичаните  во групната фаза ќе играат со селекциите на Хрватска, Чешка и Шкотска.