Гринвуд не се враќа на „Олд Трафорд“, Јунајтед перманентно ќе го продаде
Манчестер Јунајтед планира да го продаде фудбалерот, Мејсон Гринвуд, кој во сезонава настапува како позајмен во шпанскиот тим Гетафе.
Според објавите во Англија, за младиот играч се заинтересирани : Барселона, Реал Мадрид, Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Атлетико Мадрид. Медиумите најавуваат дека Гетафе планира да го задржи Гринвуд но, тешко ќе може да ја издржи трката со далеку помоќните финансиски клубови.
Во исто време, различни извори тврдат дека очекуваното ново раководство предводено од Џим Рaтклиф може да ја преиспита ситуацијата и да го врати играчот на „Олд Трафорд“.