Гринвуд ослободен со кауција заради обвинувањето за насилство и силување

Мејсон Гринвуд е ослободен со кауција, јавува Би-Би-Си. Играчот беше обвинет од неговата девојка Хариет Робсон за тепање и силување преку серија објави на социјалните мрежи во неделата.

Полицијата во Манчестер веднаш реагираше и по сослушувањата со неа истиот ден, вечерта се појави информација дека Гринвуд е уапсен. Вчера стана јасно дека обвиненијата се сменети и веќе е под истрага за сексуален напад, силување и закана за убиство. Тој беше приведен, а казната двапати му беше продолжена, за да биде пуштен утрово. Од полицијата објаснуваат дека истрагата за случајот продолжува.

Манчестер Јунајтед уште во неделата излезе со официјален став дека му е забрането да игра за „црвените ѓаволи“ и да тренира со тимот до следно известување и дека клубот се противи на сите форми на насилство.

Освен тоа, од „Олд Трафорд“ нема да му пружат никаква помош на играчот ниту пак правна помош во текот на истрагата.