Грифин потпиша едногодишен договор со Бостон Селтикс

Американските медиуми ја пренесуваат веста дека кошаркарот Блејк Грифин потпиша едногодишен договор со тимот на Бостон Селтикс.
Минатата година Грифин настапуваше за Бруклин Нетс, а во Бостон пристига како замена за Италијанецот Данило Галинари кој заработи посериозна повреда на коленото и поради тоа подолг период ќе биде надвор од терените.
Блејк Грифин во својата 12 годишна НБА кариера го има носено дресот на ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Детроит и Бруклин.