Гросо доби отказ по само седум натпревари во Лион
Фабио Гросо ќе ја напушти тренесраката функција во екипата на Лион. Според информациите кои се објавени, управата на францускиот клуб донела ваква одлука поради незадоволителните резултати на тимот.
Отказот на 46-годишниот тренер ќе биде официјално објавен во следните неколку часа. В.д. тренер ќе биде назначен Пјер Сејџ, кој моментално работи во академијата на Олимпик Лион.
Да потсетиме, Фабио Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година. Претходно, тој помина две години од својата играчка кариера во Лион – од 2007 до 2009 година.
Откако ја заврши кариерата во 2012 година, Гросо беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, како и на Бари, Верона, Бреша, Сион и Фросиноне, со кои ја освои титулата во Серија Б на крајот од минатата сезона.