Грузија и Тбилиси беа домаќини на Европската Конференција за судии

Европската конференција на тениски судии во Тбилиси, Грузија изминативе денови одржа Конференција на која присуства: 32 претставника од 25 земји членки на Tennis Europe. Македонската тениска федерација ја претставуваше претседателот на судиско – натпреварувачкиот комитет Антонио Радојничкиќ.

Меѓу говорниците беа: регионалниот претставник на ИТФ за Европа Иван Мартинез Баредо, судијката со Златна значка Ева Асдераки-Мур (ITF) и Дима Лајфман (Tennis Europe). Беа одржани работилници и неколку сесии со цел за размена на идеи и искуства меѓу претставниците од поголемите и помалите држави членки за подобрување на судењето и организацијата на туририте од сите нивоа.

Дводневната Конференција се покажа како суштински собир во поглед на сите елемнти кои го опфаќаат судењето на турнирите.

На Конференцијата беше потенцирана и активноста во делот на судењето од страна на Тениската федерација на Македонија во изминатиов период.

Грузија и Тбилиси за првпат ја имаа улогата на домаќин на еден ваков настан.