Грција и Турција ќе играат во првото полуфинале на Евробаскетот

Репрезентацијата на Грција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако вечерва во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 87-76 (24-19; 20-19; 20-14 и 23-24).

Нивни противник во полуфиналето ќе им биде селекцијата на Турција, која во првото четвртфинале ја совлада Полска со 91-77.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, додека кај Литванија Јонас Валанчиунас реализираше 24 поени и 16 скокови.

За Грција ова е прво полуфинале по 2009 година. Полуфиналето Турција – Грција се игра в петок, а утре на програмата се другите два четвртфинални дуели: Грузија – Финска (почеток 16:00 часот) и Словенија – Германија (почеток 20:00 часот).