Грчевски го скрати списокот за двомечот со Србија

Ракометната женска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари во рамките на ЕХФ неделата против селекцијата на Србија.

За таа цел селекторот Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки за овие два меча. На него има седум ракометарки од домашното првенство и 13 кои играат во странство.

Собирот на репрезентацијата е закажан за трети март во СЦ „Јане Сандански“. Македонија потоа ќе отпатува во Србија, а двата натпревари на седми и осми март ќе се одиграат во Бор.