Грчевски доби нов договор како селектор на женската ракометна репрезентација

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација со нов селектор ќе настапи на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција од 3 до 20 декември оваа година.

Рководството на РФМ нема да ја продолжи соработката со Кристијан Грчевски чиј договор истече по завршување на квалификациите за ЕП.

Останува кон крајот на овој месец РФМ и официјално да објави кој ќе ја води Македонија на ЕП.

Нашата селекција е сместена во групата Б, каде ќе игра против Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во Клуж.