Гулит: Оваа Холандија нема свој лидер
Големата ѕвезда на холандскиот фудбал, Руд Гулит, ги критикува репрезентативците, Ван Дајк и Де Јонг откако „лалињата“ не успеаја на домашен терен да ја освојат елитната група во Лигата на нации и завршија на последното место.
„Ван Дајк и Де Јонг, сигурно немаат такви лидерски способности. Тешко е за тренер да работи без лидери на теренот“, вели Гулит.
Ќе потсетиме дека Холандија во елитната група во Лигата на нации, заврши зад Шпанија, Хрватска и Италија.