Гундоган наместо во Барса може да заврши во Милан
Илкај Гундоган како што стојат работите наредната сезона нема да го носи дресот на Манчестер Сити, а во претходниот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но сега се појавија нови информации.
Имено, според „Кориере Дело Спорт“, Милан влегол во напредни преговори со германскиот фудбалер. Договорот на Гундоган со Манчестер Сити истекува ова лето и засега нема најави дека ќе го продолжи.
Италијанскиот новинар Фабио Мандарини, тврди дека Милан влегол во напредни преговори и според него големи се шансите Германецот да биде засилување за „росонерите“.
Како и да одлуката за тоа каде ќе продолжи Гундоган сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.