Гундоган на чекор до потпис со Барселона

Илкај Гундоган според најавите кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент веќе подолго време преговара со Барселона.

Каталонците го сакаат Германецот бидејќи во него гледаат идеален наследник на Бускетс, притоа можат да го доведат без обештетување. Чави веќе го убедил Гундоган да се пресели на „Камп Ноу“, па двете страни се блиску до постигнување договор за 3-годишна соработка.

Одлуката Гундоган ќе ја соопшти веднаш после финалето во Лигата на шампиони.