Гундоган од јуни се сели на „Камп Ноу“ без обештетување
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, на крајот на сезонава ќе го напушти англискиот состав и ќе се пресели во редовите на Барселона.
Репрезентативецот на Германија на 30 јуни ќе биде слободен играч и ќе замине на Пиринеите. Веста ја потврдија повеќе медиуми во Шпанија.
32-годишниот играч кој беше купен во 2016 година од Борусија Дортмунд, досега одигра 278 меча за „граѓаните“.