Гундоган сака да биде асистент на Пеп кога ќе ја заврши играчката кариера

Поранешниот капитен на германската репрезентација, Илкај Гундоган, би сакал да започне тренерска кариера како помошник на Пеп Гвардиола, но тоа ќе се случи за неколку години бидејќи планира да ја продолжи својата натпреварувачка кариера.
„Чувствувам дека сè уште уживам во фудбалот – не само уште една година, туку барем две години, можеби дури и три или четири години. Но, веќе размислувам за тоа што е следно. Не се плашам од овие мисли, тоа е повеќе исчекување. Но, моето тело сè уште е добро“, изјави 34-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити за „Спорт Билд“.
Тој сè уште не разговарал за можна соработка со менаџерот на Сити, Гвардиола.
-Да бидам помошник тренер на Пеп би ми било исклучително привлечно, додаде Гундоган.
Договорот на Гундоган со Сити неодамна беше автоматски продолжен до 2026 година.