Гундоган ја менува Барселона со Ал-Саад

Катарскиот клуб Ал-Саад испрати богата понуда за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган. 

Гундоган минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент и одлично се вклопи во тимот, но може да го напушти клубот после само една година.

Гундоган во моментов нема дадено конечен одговор, но се поголеми се шансите да ја прифати понудата.

Тој има уште една година договор со Барселона, а катарскиот клуб му нуди богат тригодишен договор.